Превод

Преведувањето е интелектуална услуга и претставува процес на создавање текст. Тоа подразбира многу повеќе отколку механичко пренесување на значењето од еден, оној изворниот, на друг, целниот јазик. Квалитетен превод значи и длабоко, сериозно и академско познавање на двата јазици, на нивниот културен контекст и особености, како и на материјата или професионална област (од) којашто се преведува. Секој превод е уникатен и различен, материјата што се преведува е разновидна и специфична, корисниците на преводот имаат различни потреби, а сето тоа се одразува врз стилот и формата на преводот. Секој нов клиент кој бара превод на некој документ или текст претставува предизвик за нас. Секој превод е уникатен и посебен, меѓу другото и затоа што го зборува јазикот на својата област, односно јазикот на својата проблематика. Преводите се вршат од страна на искусен и посветен преведувач, кој освен што поседува лингвистички вештини, има и практично искуство во областите на својата специјализација во преведувањето и толкувањето. Тоа искуство опфаќа преводи од областа на финансиите, сметководството, правото и деловното право, даноците, економијата и економетријата, потоа преводи на пресуди од различни правни области, деловни, граѓански, стопански, трговски, спогодбени, облигациски и друг вид договори, нотарски акти, извршни акти и слично. Искуството од практичното работење во областите во кои е потесно стручен за преведување овозможува секој превод да биде изработен наменски, за материјата што се преведува, како и според барањата на клиентот. Нашата канцеларија нуди исклучителни, професионални и висококвалитетни услуги, приспособени кон стилот и потребите на клиентот, односно подносителот на превод или барателот на толкување. Секоја услуга е извршена со целосно почитување на намената на преводот, односно со водење сметка дали текстот има комерцијална, академска, техничка или друга намена. Сите преводи што ги извршуваме се во согласност со Европскиот стандард за преведување EN15038, односно со стандардите што ги бара преводот.